Ви благодариме што бевте дел од Првиот кариерен саем на Семос Едукација. Кажете ни нешто повеќе за Вашата компанија, кои се Аспект?
Ви благодарам за можноста да бидеме дел и активно да учествуваме на овој кариерен саем. Саемот е одлична прилика за спојување на стекнатото знаење на студентите со можности за негова практича примена и градење на кариера во некои од нашите успешни компании. Се надевам дека иницијативата ќе прерасне во традиционална врзувачка точка која ќе ги спојува едукацијата и кариерниот пат.
Аспект е софтверска компанија специјализирана за развој на софтвер за финансиски институции. Водени од заедничката страст за издигнување на начинот на кој функционираат финансиските институции, ние веќе три декади усовршуваме софтверски решенија и дигитални платформи со кои банките, финансиските институции и лизинг компаниите напредуваат во дигиталната ера. Како македонска компанија, Аспект, моментално работи за широко портфолио на клиенти на три континенти: Европа, Африка и Азија. Седиштето на компанијата е во Скопје, додека работењето на некои клучни локации се одвива преку нашите канцеларии во Киргистан и Кенија, вклучувајќи и мобилни тимови за проширување на операциите во повеќе земји.
Преку постојани технолошки иновации и инвестирање во своите вработени за да ги подобриме процесите и работењето, успеавме да ја следиме својата визија и да им помогнеме на нашите клиенти да ја зголемат продуктивноста, да ги остварат своите деловни цели и да се адаптираат на современи стандарди на работа во финансиската индустрија.
Која е Вашата улога во Аспект и според Вас, кои карактеристики треба да ги поседуваат кандидатите за вработување во вашата компанија?
Во тимот на Аспект се приклучив со одговорност за развој на човечките ресурси во компанијата. Имајќи во предвид дека Аспект е глобална софтверска компанија која работи за банки и финансиски институции, испорачувањето на сигурни и иновативни решенија го поттикнуваат нивниот успех. Нашата мисија ја исполнуваме преку пронаоѓање и развој на талентирани, амбициозни и инспирирани професионалци. Нудиме можност за развој на млади таленти, од една страна, и ја вреднуваме и наградуваме посветеноста и лојалноста на нашите вработени и нудиме можност за нивен постојан раст и развој, од друга страна. За да ги оствариме нашите цели поддржуваме динамично работење во интернационални тимови преку постојано учење и размена на знаење. Поддржуваме отворена комуникација и позитивен став со желба за постојани подобрувања.
Аспект е компанија која ги поддржува младите таленти, ја вреднува посветеноста и лојалноста на своите вработени и постојано се стреми кон иновација и тимски успех. Идеалните кандидати за вработување во Аспект се оние кои ги поседуваат овие карактеристики и се подготвени да придонесат кон развојот и успехот на компанијата.
Споделете го вашето искуство од саемот, дали учествувате во speed интервјуата со студенти на саемот и кои профили се најбарани во вашата компанија?
Секако дека учествувавме. Преку брзите интервјуа имавме можност одблизу да се запонаеме со некои од студените на саемот. Тие се добра прилика накратко да се презентира компанијата и веднаш да се забележи интересот кај кандидатот и да се почувствува мотивацијата. Преку учеството на овој саем ја зголемивме базата на потенцијални кандидати кои би ги повикале на интервју за следни отворени работни позиции.
Како компанија ние испорачуваме доверливи и иновативни софтверски решенија кои го поттикнуваат успехот на нашите клиенти. Токму заради видот и обемот на работата, потребите за вработување на талентирани и инспирирани професионалци најчесто се во делот на: Software Development, IT and DevOps, Business Analysis, Project Management и Sales and Marketing.
Дали сте задоволни од досегашната соработка со Кариерниот центар и дали би ја прошириле во насока на Талент Партнер на некоја од Семос Академиите?
Ова ни е прва соработка, па така учеството на првиот кариерен саем на Семос Едукација ни овозможи да се поврземе со талентирани студенти и да видиме значајни потенцијали за идни вработувања. Во врска со вашето прашање за проширување на соработката како Талент Партнер на некоја од Семос Академиите, со задоволство би ја разгледале оваа можност. Веруваме дека ваквата соработка би била од обострана корист и би придонела за развојот на нови таленти, како и за натамошно унапредување на нашата компанија.
Од аспект на HR, што би им препорачале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија во иднина?
- Образование и обука:
– Продолжете да ги следите вашите студии и тренинзи. Завршувањето на некој од курсевите и академиите во Семос Едукација е одличен почеток и ќе ве подготви со потребните теоретски и практични знаења. - Практично искуство:
– Учество во стажирања и практикантски програми е одличен начин да стекнете реално искуство и да ги примените вашите вештини во практиката. Бидете активни во проекти и дополнителни активности. - Лични вештини:
– Развијте силни комуникациски вештини, тимска работа и проактивност. Овие вештини се важни за секоја улога и ќе ви помогнат да се издвоите како кандидат. - Портфолио и препораки:
– Доколку сте во полето на ИТ или креативни индустрии, создадете портфолио од вашите проекти. Препораките од професори или ментори исто така можат да бидат голем плус. - Мотивација и иницијатива:
– Покажете искрена мотивација за позицијата за која аплицирате. Бидете подготвени да преземете иницијатива и да учите нови работи.
Ние во Аспект сме секогаш во потрага по талентирани и мотивирани индивидуи кои сакаат да се придружат на нашиот тим. Ве охрабруваме да бидете посветени и да продолжите да се развивате како професионалци.
source: Кариерен Центар – Семос Едукација | Job Fair (karierencentar.com)